СДСМ: Придвижувањето на економијата реално, ланскиот раст на индустриското производство најголем во последните седум години
Во соопштение од партијата на СДСМ утринава велат дека придвижувањето на економијата е реално, растот на индустриското производство во 2018 е најголем во последните седум години
„Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжуваат да даваат реални резултати. Растот на индустриското производство во 2018 година е највисок во последните седум година.
Индустриското производство во 2018 бележи раст од 5,4 отсто.
По години уназадување, додека државата се наоѓаше во неизвесност и изолација, денес со придвижувањето во процесот на интеграциите, местото во НАТО, економијата е стабилизирана и се движи во добар правец.
Покрај индустриското производство, расте и прометот во индустријата, извозот, како и бројот на работници во индустријата“ се вели во соопштението.
Од партијата наведуваат дека ова се само дел од податоците кои ја докажуваат успешноста на Владата предводена од СДСМ.
„Со влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ, ваквите позитивни трендови дополнително ќе се интензивираат. Интеграцијата во двата најмоќни светски сојузи отвора реални можности за зголемен број странски инвестиции, нови работни места и повисоки плати, што ќе значат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“ стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа