ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев ја зави во црнила државата и избега од предвремени парламентарни избори

 

Граѓаните не сакаат понижена и обесчестена Република Македонија, граѓаните сакаат честита Република Македонија. Наместо свиткана кичма и антидржавните политики на Заев, државата има потреба од стабилност и сигурност. Веќе две години како СДСМ е на власт правната држава е дерогирана, СДСМ мора да си замине, а владеењето на правото мора да биде повторно воспоставено, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Криминалните тендери, роднинските врски со високи партиски функционер како услов за вработување во државната администрација, криминалот по улиците, руинираното здравство и образование не смее да продолжат да бидаг наше секојдневие. Зоран Заев ја зави во црнила државата и избега од предвремени парламентарни избори затоа што знае дека ќе ги изгуби, па си го продолжи времето за криминално делување за уште некој месец.
Сега е времето да се биде гласен. Граѓаните треба масовно да излезат и да гласаат на претстојните избори, како ќе му дадат жолт картон на СДСМ и ќе му го покажат местото на буништето на историјата, каде ќе заминат на следните парламентарни избори.“

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека СДСМ мора да си замине поради се што ветија, а не направија, затоа што нема 500 евра просечна плата, 100.000 денари плата за лекарите, 600 километри нов автопат, поврат на ДДВ за граѓаните и ред други проекти.

СДСМ мора да си замине и затоа што економијата тоне, а долгот за само една година е зголемен за близу пола милијарда евра. СДСМ мора да си замине, со тоа нема компромис. Државата мора да тргне напред, се подвлекува во соопштението на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2019 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега