ВМРО- ДПМНЕ: Стандардот на граѓаните откако СДСМ е на власт не се подобрува, туку се влошува

 

Во реакција на прес конференцијата на Косадин Костадинов, ВМРО- ДПМНЕ велат дека економијата две години е на дното. Граѓаните имаат се помалку пари, а трошоците за живот континуирано се зголемуваат.

„500.000 граѓани во државата живеат на прагот на сиромаштија. Стандардот на граѓаните откако СДСМ е на власт не се подобрува, туку се влошува.

Власта нема план како да ја придвижи државата напред. Само минатата година СДСМ ја задолжи Република Македонија за нови скоро половина милијарди евра, без граѓаните да знаат за што и како се потрошени парите кои ќе ги враќаат идните генерации.

Скоро половина милијарда евра нови задолжувања, а реализацијата на капитални инвестиции минатата година беше на очајни 65%, до сега најниско ниво на реализација, што било која влада го имала“ се вели во реакцијата на ВМРО.

Од партијата велат дека наместо раст и развој, имаме само стагнација, немeсто розевите бројки од Бихаќка, СДСМ треба да ја погледне реалноста, во која граѓаните секој ден мака мачат како да го преживеат денот.

„Со СДСМ Република Македонија само тоне. Нема просперитет со власта на Зоран Заев, токму затоа потребно е што побргу да си заминат“ се вели во соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2019 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега