Заев и Ахмети утре ќе бараат можен консензуален претседателски кандидат

 

Претседателите на партиите СДСМ и ДУИ од владината коалиција, Зоран Заев и Али Ахмети утре околу пладне ќе се сретнат во Клубот на пратениците и ќе договараат можен заеднички претседателски кандидат, пренесува МКД.мк

СДСМ изборот на нивен претседателски кандидат го закажа за 3 март на партиски конгрес.

Во СДСМ веќе се прават анкети со имињата на Стево Пендаровски, Никола Димитров, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски... Неофицијално, на овие анкети во водство се Димитров и Пендаровски. Ако се оди на заеднички кандидат, проценките на експертите се дека Пендаровски има повеќе шанси за кандидатура од Димитров.

Според СДСМ, од утре почнуваат средбите на Заев и со лидерите на другите парламентарни партии - со двете крила на Беса, Африм Гаши и Билал Касами, со Зијадин Села од Алијансата за Албанците, со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ...

„Утре ќе биде билатералната средба помеѓу СДСМ и ДУИ, каде ќе се соопштат опциите од двете страни. Ако постигнеме договор, се разбира, ќе бараме да ја шириме поддршката, прво со другите партии од коалицијата, а потоа со други интересни групи, со цел да направиме што поголемо мнозинство, бидејќи тоа го бара консезуалноста. Овој концепт сме го дефинирале како надетнички и надпартиски, не е важно да се прогнозира епилогот од кандидатот односно етничката или партиската определба на кандидатот“, рече Бујар Османи од  ДУИ.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2019 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега