Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши, Беса остана на Касами
„Алтернатива” ќе биде името на новата партија на Африм Гаши, откако се откажале од натамошниот спор за тоа кој е наследник на партијата Беса, потврди за Плусинфо претседателот на сега новата партија Африм Гаши.
По ваквата одлука Беса останува на Билал Касами.
Ова било одлучено на денешната средба на Централното собрание на крилото предводено од Гаши.
Одлуката била донесена на барањето на членството, кое побарало да се прекине судскиот процес за името.
18.02.2019 - 08:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа