Иновативна метода за лекување на сексуални проблеми - 98% успех при справувањето со импотенција и еректилни дисфункции

Потенцијата е клучна за самодовербата на современиот маж. Можноста да имаш динамичен и задоволувачки сексуален живот, независно од возраста и придружните болести, во денешно време е потполно реална. Една од најпознатите клиники за терапија на еректилните дисфункции е Он клиник, која се наоѓа во бугарскиот главен град Софија.Се обративме со неколку прашања до урологот д-р Ѓорги Ѓоргиев, за да дознаеме повеќе за нивната метода на лекување.

Д-р Ѓоргиев, кои се Вашите гледишта за здравјето и сексуалната моќ на мажите?

Многу мажи го ставаат нивното здравје на автопилот, а таков е и односот кон нивното сексуално здравје. Не се грижат доволно, а при проблем не се советуваат со специјалист и прибегнуваат на домашно лекување. Во однос на еректилната дисфункција, терапијата се базира на сериозен медицински скрининг. Причината за недоволната ерекција може да биде скриена - дијабетес, здебелување, хормонален дисбаланс, стрес или заболувања на крвните садови. Долгогодишното искуство и докажаниот медицински протокол, кој се применува во Он клиник, дава реална претстава за дијагнозата, што го олеснува одредувањето на соодветно и правилно лекување 

Што може да им понуди на пациентите Он клиник?

Наша голема предност е тоа што долги години работиме и имаме искуство токму со лекувањето на еректилните дисфункции. Урологијата е широка специјалност, а ние сме фокусирани точно на враќањето на половата моќ. Освен тоа имаме знаење и за најсовремените терапии, располагаме со софистицирана медицинска техника и имаме усовршен индивидуален пристап кон секој пациент. Најсовременото револуционерно лекување при еректилните дисфункции (ЕД) е шок-брановата терапија, која е светски признато откритие во урологијата. Тоа е неинвазивно безболно лечење, чија цел е успешно да ги реши машките проблеми со потентноста и ЕД.

Користејќи ги шок брановите со низок интензитет се стимулира создавањето и регенерирањето на нови клетки и се зголемува снабдувањето со крв на еректилното ткиво. Оваа нова технологија има 70% докажана успешност. Kомбинацијата на сите овие факти ни дава можност да се справиме со еректилната дисфункција со речиси 99% успех.

Kако поминува еден преглед, дали има простор за грижа

Консултациите со уролог во Он клиник се спроведуваат во строга доверливост.

Знаеме дека проблемот на пациентите е специфичен и строго ја почитуваме доверливоста. Секој маж кој би дошол на уролошки преглед ќе има разговор со докторот, ќе му се земе детална анамнеза и ред испитувања, кои вклучуваат и проверка на крвотокот во садовите и мерење на чувствителноста во областа на гениталиите. Откако ќе се дефинираат причините докторот ќе одбере индивидуално лекување. Се земаат во предвид сите лични индикатори – возраст, општа здравствена состојба, уролошки статус. Затоа не е возможно терапијата, која е наменета за одреден маж, да го реши проблемот и на неговите другари. Секој пациент мора да добие своја персонална терапија, за да се загарантира враќањето на ерекцијата и задржувањето на општата добра здравствена состојба.

Какви резултати се постигнуваат?

Терапијата може да го зголеми либидото (желбата за секс), да ја подобри ерекцијата (како стабилноста, така и квалитетот) и да го подобри половиот однос (како времетраењето, така и намалувањето на времето меѓу два полови односи). За мажот е приоритет да има ерекција уште за време на љубовната игра и да ја задржи доволно долго, за да има квалитетен сексуален однос и да е спремен за втор, по релативно кратко време. Откако ќе се постигне тоа, нашите пациенти го сметаат за огромен напредок. Тие споделуваат дека по лекувањето немаат никаквипотешкотии во интимниот живот и дека нивните партнерки исто така се задоволни.

ОН КЛИНИК им ветува на пациентите од Македонија професионален пристап и максимална ангажираност за решавање на проблемот со еректилните дисфункции. Доколку страдате или имате некој близок кој страда од некој од наведените проблеми можете да ги контактирате на тел. 00 359 885 488 088 и да разговарате со професионален консултант околу сите Ваши прашања и тегоби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2019 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега