Ја киднапирале сред центар, ја мачеле и ја тепале - крвав хорор го потресе Скопје

Вистинска драма среде Скопје. Двајцата скопјани И.И. (37) и неговиот брат Н.И. (27), грабнале и претепале скопјанка за од неа да изнудат пари. Полицијата ги пронајде насилниците и ги “награди“ со кривични пријави и притвор.

Според инфформациите од полицијата, на 25-ти месецов, околу 20 часот, И.И. ја начекал скопјанката Е.М. (38) на излезор од „Теле Брокер“ близу Бит Пазар, ја фатил за рака и се заканил да не вика по помош и ја однел пред нејзиниот авотмобил „Поло“. Пред автомобилот чекал и неговиот брат, па тука на паркингот двајцата браќа почнале да ја удираат и да и бараат 2.000 евра. Со Е.М. во моментот била и нејзина колешка, но, кога се обидела да и помогне, насилниците и се заканила и ја избркале. Откако успеале да ги избркаат и другите сведоци, насилно ја турнале скопјанката во нејзиниот автомобил и ја однеле жената во Сарај. Таму ја чекала вистинска тортура. Ја тепале, ја мачеле, убедувајќи ја да им даде 2.000 евра. Тие и велеле дека тие немаат пари да си ја нахранат фамилијата, а таа треба да им даде бидејќи тукушто зела кредит. По извесно време, ја качиле повторно во автомобил и ја однеле дома за жената да им даде пари. Таа влегла во својата куќа, но, откако не излегла 10тина минути, насилниците избегале. Е.М. викнала полиција и го пријавила инцидентот.

 Полицијата за кратко време ги нашла насилниците, кои од претходно и биле познати.

29.09.2013 - 10:30

најчитано сега