Четворица македонски кик боксери ќе се борат на Светското првенство во Бразил

Македонската кик бокс репрезентација  од денеска e во Гуараја, Бразил каде ќе настапи на WАКО-  Светското првенство во ЛОУ КИК и К1 дисциплините од кик бокс спортот.
 
Борбите ќе се одржуваат следниве седум дена. Претставници на нашата земја на шампионатот се: 
 
- Ненад Манојловски -67кг. лоу кик
-Димитар Ѓорѓиев -75кг. лоу кик
-Мики Ивановски -81кг. лоу кик 
-Далибор Огнанов -75кг. К1.
 
На чело на делегацијата се тренерот Драган Атанасовски  и селекторот Дејан Митровски – Урко кои очекуваат нашите кик боксери да се покажат во најдобро светло.
Противниците на македонските претставници ќе бидат познати ппо официјалното мерење. 

29.09.2013 - 11:38

најчитано сега