СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет за зборува за непотизам

ВМРО-ДПМНЕ го инсталираше непотизмот, нека ги повика роднините на своите функционери да се повлечат и нека почнат повлекувањата, се друго е лицемерно, реагира владејачкиот СДСМ по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Додека ВМРО ДПМНЕ не преземе чекор, додека не ги повика роднините на своите функционери да се повлечат и додека не почнат повлекувања, опозициската партија нема ама баш никаков кредибилитет. Токму ВМРО-ДПМНЕ го инсталираше непотизмот во секоја институција, за време на 11 годишното криминално владеење. Злоупотреба на институциите, непотизам и партизација се симбол за белиот дворец и ВМРО-ДПМНЕ“, наведе СДСМ во реакцијата.

Од партијата додаваат дека пандемијата на непотизам и фамилијарни стебла што ВМРО-ДПМНЕ ги проширила во секоја институции го зафатиле и кабинетот на Иванов.

„Иванов, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека ја повикаат ќерката на советникчката на Иванов Анастасија Илиеска, да се повлече од работното место во Агенцијата за разузнавање, под дриректна надлежност на Иванов. ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, Милошовски и Стевананџија наместо да молчат и да се кријат во скапоцениот замок, да излезат пред граѓаните и да ги повикаат своите роднини и роднините на функционерите од оваа партија да се повлечат од работните места, платени со пари на граѓаните.

Мицкоски да го повика својот братучед вработен во ЕЛЕМ турс да се повлече.

Милошоски нека ја повика својата снаа вработена во УЈП, вујкото вработен во Катастар, братучедот вработен во Централен регистар, и зетот вработен во МЕПСО, да се повлечат.

Стевананџија нека ја повика својата сопруга вработена во здравство, својата сестра, својата тетка вработена во Основниот суд Прилео, вујкото и братучедите вработени во јавни и државни претпријатија да се повлечат од работните места.

Време е да почнат повлекувањата на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ.

Конечниот збор ќе го има Државната комисија за спречување на корупцијата.

Борба против непотизмот започна и враќање назад нема да има“, наведе СДСМ во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2019 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега