Силјановска Давкова: Според Уставот, меѓународните договори ги потпишува претседателот во име на Република Македонија

Ќе ве излажам ако кажам дека ако станам претседателка дека ќе поништам и ќе укинам. Нема претседателот таква надлежност, истакна кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

-Но, таква надлежност имаат меѓународните судови, има Комитетот за човекови права во ОН. Кога е во прашање повредата на Виенската конвенција, тогаш во било кој суд во светот, ако се работи за акт или закон или документ што произлегува од договор кој што е ништовен, значи прекршување на меѓународното право, може да се поништи. Што може да биде основот? Правото на самоопределување бидејќи тоа не застарува и е задолжителна меѓународна правна норма. Еднаквоста на страните, ние сме безимени во договорот. Како може договор меѓу две држави, а не знаете која е едната држава. Згора во нашиот Устав пишува дека меѓународните договори ги склучува претседателот во име на Република Македонија, а не во име на втора безимена страна. Тоа е важно да се има предвид и повредата на политичките и културните права, истакна Силјановска Давкова.

Таа истакна дека доаѓањето на друга партија или коалиција на власт, ќе создаде поинаков амбиент за да може сево ова да се реализира.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2019 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега