СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги повика своите функционери да ги повлечат роднините од работните места

Списокот на ВМРО-ДПМНЕ е фаличен. На списокот недостасуваат роднините на функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се вработени во државни институции и јавни и државни претпријатија во 11 те години криминално владеење, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Меѓу нив се и братучедот на Христијан Мицкоски, сестрата и таткото на генералниот секретар Игор Јанушев, вујкото, братучедот, снаата, братучетката и зетот на Антонио Милошоски, сестрата, сопругата, вујкото, тетката на Димитар Стевананџија, ќерката и братот на членката на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна директорка на УЈП, Анастасија Илиеска.

Доколку во ВМРО-ДПМНЕ навистина се загрижени за администрацијата еве шанса да го покажат тоа и на дело – нека ги повикаат сите партиски функционери да ги повлечат своите роднини од работните места во адмнистрацијата и државните претпријатија што ги добиле за време на апсолутната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако ќе ги повика, ВМРО-ДПМНЕ нека ги достави овие имиња до Државната комисија за спречување на корупција.

Добро е што Државната комисија за спречување на корупцијата отвора случаи. Ги очекуваме одлуките на ова независно тело.

Истовремено, најавуваме дека ќе поднесеме претставки за сите останати случаи на вработувања на роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ нуди решенија и веќе започнаа првите повлекувања. Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот“, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2019 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега