СДСМ: Само на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им пречи рекордниот износ од над 624 милиони евра странски инвестиции

Само на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им пречи рекордниот износ од над 624 милиони евра странски инвестиции, велат преку соопштение од СДСМ. 

„Странските инвестиции во 2018 година изнесуваат 624,5 милиони евра што е рекорден износ во историјата на државата.

Антинародната ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со економскиот успех на Владата предводена од СДСМ. 

Едно е јасно, конечно, по години уназадување поради криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, економијата е во нагорна линија, инвестициите рушат рекорди, се отвораат нови работни места, растат платите, повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Успешните економски политики, спроведувањето на реформите, напредокот во еворинтеграциите ја вратија довербата во нашата економија. Силна економија отвора шанса за сите, Мицкоски нека учи економија“стои во партиското соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2019 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа