Димовски кон СДСМ: Јавниот долг за 18 месеци го зголемивте за пола милијарда евра

Илија Димовски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во текот на седницата рече дека јавниот долг во Македонија е зголемен за 494 милиони евра, односно пола милијарда евра за 18 месеци.

„Мислам дека ова Собрание малку се занимава со „работата“ односно неработата на министерството за финансии. И сега е еден од моментите за можност да дискутираме, и генерално околу ситуацијата. Вие предлагате едно решение со кое што со државниот и јавниот долг ќе опфатите и други ставки кои што досега не сте ги опфатиле. Што значи дека административно заради оваа измена и ќе се зголеми и државниот и јавниот долг. Што ќе оневозможи и реализација на други реформи или пак проекти во иднина. Кои што би можеле да помогнат во економскиот развој“, појасни Димовски.

Димовски го потсети СДСМ и нивната Коалиција кога одеа на терен за време на изборите. -И на сите граѓани, во сите градови од кои што доаѓаат, Куманово, Виница, Штип, Прилеп итн. им велевте Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја задолжило Република Македонија до енормни граници. Им велевте дека задолжувањето мора да престане и им ветувавте на сите дека ќе го намалувате долгот на државата. Во моментот кога СДСМ ја презема власта 2017 година до моментот сега 31.12.2018 година државниот долг е зголемен за 380 милиони евра.

„Долгот на државата е за 380 милиони евра поголем. А, јавниот долг оној во кој што влегуваат долговите на јавните претпријатија, долговите на акционерските друштва во државна сопственост и општините, значи вкупно е зголемен за 494 милиони евра, односно пола милијарда евра за 18 месеци“, нагласи Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2019 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа