ВМРО- ДПМНЕ:Со Законот за спречување и заштита од дискриминација се брише одредбата дека бракот е заедница помеѓу маж и жена

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со резерва гледа на Законот за спречување и заштита од дискриминација предложен од Зоран Заев и Мила Царовска, бидејќи во предлог законот се брише одредбата дека бракот е заедница помеѓу маж и жена, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ги прашуваме Зоран Заев и Мила Царовска зошто сакаат да ја сменат дефиницијата на брак помеѓу еден маж и една жена, како и политика на посвојување на деца? Јавно прашуваме што значи воведувањто на новиот термин „родов идентитет“ ?

Досегашното македонско законодавство го познава поимот пол, кој што може да биде машки и женски. Полот е билошки детерминиран, со биолошките карактеристики.

Го прашуваме предлагачите што значи воведувањето на терминот „родов идентитет“ ? Дали родовиот идентитет може да биде флуиден и променлив ?

Дали воведувањето на категоријата „родов индентитет“ и промена на дефиницијата на бракот ќе доведе до промена на наставните планови и лекции за децата во градинките и основните училишта ?“ стои во соопштението.

Оттаму прашуваат што значи актуелната предложена измена на законот за матичната евиденција со кој се овозможува промена на полот и единствениот матичен број во матичните книги. Дали ќе се укинат термините мајка и татко вклчувајќи ги наставните содржни во основното образование и дали следно е воведување на терминилогијата родител А и родител Б.

„Ова се крупни општествени прашања за кои сличен поглед имаат сите граѓани православните, муслиманите, католциите, протестаните, евреите и сите останати.  Во врска со овие прашања потребно е да се земат во предвид ставовите на МПЦ, ИВЗ, Катлочката црква, еврејската заедница и другите верски заедници. Живееме во држава и општество каде огромното мнозинство на граѓани се приврзаници до традиционалите и семејните вредности, кои што се наша заедничка вредност.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата секогаш е против било која форма на дискирминација и сака да гради општество без дискриминација“ се вели во соопштението од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2019 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа