Шахпаска: Градиме едно општество на еднакви граѓани, наскоро ќе бидат усвоени измените на Законот за заштита од дискриминација

Како пратеници, како парламентарно мнозинство велиме НЕ за дискриминацијата. Цврсто сме посветени на градењето едно општество за сите, без подлеби, без дискирминација, еднакво општество на еднакви граѓани со еднакви можности, изјави во прес за медиумите Јагода Шахпаска.

„Во таа насока, Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе биде изгласан во Собранието до средината на март. Претходно Комисијата за труд и социјална политика во Собранието ќе заседава ќе ги заврши сите свои обврски поврзани со овој закон.

Со измените, за прв пат како основи за дискриминација се воведуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Се додава и нов облик на дискриминација со кој треба да се справуваме а тоа е сегрегацијата“ рече таа.

Пратеничката реле дека измените ќе ги прошират надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во насока на превенција. Новиот Закон предвидува јасни критериуми за избор на членови на Комисијата, кој ќе добијат статус на функционери, со цел да се професионализира Комисијата.

„Истовремено, од судски трошоци се ослободуваат лицата кои ќе поведат судска постапка за заштита од дискриминација, а се зголемува и износот на прекршочните одредби за правни и физички лица за кои ќе се докаже дека сториле дискриминација.

Здруженијата на граѓани и неформалните групи кои имаат оправдан интерес за заштита на одредена група или се занимаваат со заштита од дискриминација, ќе можат да поднесат тужба, ако со постапувањето на тужениот се дискриминирани поголем број лица.

Мораме да дадеме приоритет на заштитата на правата и слободите на граѓаните и на борбата за еднакви можности во ова наше заедничко општество. Очекуваме поддршка од сите пратеници без разлика на партиска определба“ рече Шахпаска.

Таа наглади дека продолжува заедно со граѓаните, со институциите да гради систем кој ќе заштитува од секаков вид дискриминација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2019 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега