Митрески: Инвеститори чекаат ред за Северна Македонија - платите растат економијата цвета

 

Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска со прес-конференција која ви ја пренесуваме во целост:

Одиме напред, економијата е во нагорна линија, успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат.

 Во 2018 година постигнат е рекорден, историски износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра.

 

 Странските инвестиции во 2018 година се за два и пол пати повисоки од 2017 година, кога тие изнесувале 181 милион евра.

 

 Инвестициите носат повеќе пари, можности за отворање нови и подобро платени работни места, подобар животен стандард на граѓаните.

 

 Само за една година, во странските инвестиции се отвориле 4.500 нови работни места, со што позитивно се влијае врз намалување на невработеноста, на растот на платите и растот на бруто домашниот производ.

 

 Она што е особено значајно е податокот дека во 2018 во нашата економија најмногу инвестирала Велика Британија, а по неа следува Сојузна Република Германија.

 

 Тоа е потврда дека процесот на интеграција, стабилноста и успешните економски политики се препознаени и носат бројни придобивки за граѓаните.

 

 Кога зборуваме за интеграција, за членство во НАТО и ЕУ, зборуваме и за повеќе инвестиции, подобро платени работни места, силна економија и подобар животен стандард.

 

 Република Северна Македонија станува атрактивна земја за инвестирање. Годините на уназадување, стагнација и затвореност се зад нас.

 

 Членството во НАТО, напредокот во интеграцијата кон ЕУ, спроведените реформи и успешните економски политики отвораат можности инвестициите дополнително да се интензивираат, а со тоа да се интензивира и економскиот раст, напредокот.

 

 Остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2019 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега