СДСМ: ВМРО лаже - Во брак само маж и жена

Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, денеска на новинарско прашање демантираше дека со предложените измени на новиот Закон за заштита од дискриминација, ќе се овозможи и склучување на еднополови бракови, велејќи дека е тоа чиста лага на ВМРО.

  Значи, тоа е уште една лажна вест пласирана од ВМРО-ДПМНЕ, законот којшто е предложен во собраниска процедура има позитивно мислење и од Венецијанската комисија, и од ЕУ, Обединетите Нации, ОБСЕ и ОДХИР, така што тоа е само измислица и чиста лага пласирана од ВМРО-ДПМНЕ. Во делот на прашањето за семејството, или за бракот, бракот е дефиниран во законот за семејството кадешто јасно стои дека тоа е заедница помеѓу еден маж и една жена, или помеѓу татко и мајка, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2019 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега