СДСМ: На списокот за непотизам недостасуваат илјадниците роднини на функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Списокот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на непотизам доставен до Државната комисија за спречување на корупцијата е фаличен и нецелосен, објавија од СДСМ преку соопштение.

Од СДСМ наведуваат дека на списокот недостасуваат илјадниците роднини на функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се вработени во државни институции и јавни и државни претпријатија во 11 те години криминално владеење.

„ВМРО-ДПМНЕ на списокот треба да ги запише и братучедот на Христијан Мицкоски, сестрата и таткото на генералниот секретар Игор Јанушев, вујкото, братучедот, снаата, братучетката и зетот на Антонио Милошоски, сестрата, сопругата, вујкото, тетката на Димитар Стевананџија, ќерката и братот на членката на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна директорка на УЈП, Анастасија Илиеска.

Ако ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски навистина се загрижени, ако имаат образ и достоинство, тогаш треба да ги повикаат своите роднини да се повлечат, а откако ќе ги повикаат, нека подготват нов список кој ќе го достават до Комисијата за спречува корупција.

Добро е што Државната комисија за спречување на корупцијата отвора случаи за непотизам. Го охрабруваме ова независно тело и ги очекуваме одлуките. Наскоро, СДСМ ќе поднесе претставки за сите останати случаи на вработувања на роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ нуди решенија и веќе започнаа првите повлекувања. Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот“ стои во партиското соопштение на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2019 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа