ЛДП ќе го поддржи консензуалниот кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ

Либерално – демократската партија ќе го поддржи консензуалниот кандидат за претседател на Република Северна Македонија, кој ќе биде усогласен меѓу партиите на владејачката коалиција, но и со останатите вонпарламентарни партии.

Оваа одлука членовите на Извршниот одбор ја донесоа на вечерашната седница.

„За Либерално – демократската партија од исклучителна важност е Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини сите нејзини граѓани, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, но и претседател кој ќе промовира заедништво, стабилност и реформски капацитет во државата. Во овие историски моменти за нашата држава поважно од кога било е да се обединиме и заенички да градиме економски развиено, стабилно и просперитетно општество. Од своето постоење до денес Либерално – демократската партија покажала дека државните и националните интереси се секогаш на прво место“, соопшти ЛДП.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2019 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега