Нелоски: За мене оваа земја секогаш ќе биде Македонија, без разлика на било кој потпишан договор
Утринава Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ имаше обраќање во живо на емисијата „Македонски Корени“ од Сиднеј при што говореше за актуелните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Нелоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во овој момент ги следи најпрвин европските и светските трендови за тоа што значи една десничарска партија.
Но исто така и го следи пулсот на народот и се обидува на секој начин да се бори со сите правни средства кои ги што има за она што е од вистински интерес на Македонците. Ова го кажувам бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и ова раководство, а јас заедно со него успеавме да останеме единствена политичка партија која што не го гушна Преспанскиот договор, односно од самиот почеток на преговорите до потпишувањето на договорот воедно и на референдумското изгласување како ВМРО-ДПМНЕ во ниеден момент не се согласи со тој договор, и целата одговорност ја има владата на Зоран Заев, нагласи Нелоски.
Нелоски при своето обраќање потенцира дека за него Република Македонија е земја каде што се родил, живее, ќе живее, ќе твори, играл за фудбалската репрезентација на Македонија и за него оваа земја секогаш ќе биде Македонија, без разлика на било кој потпишан договор од страна на одредена влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа