Мицкоски: Економијата и технолошкиот развој ќе бидат нашиот приоритет

Вниманието и поддршката кон домашниот бизнис ќе биде наш приоритет, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кои посети производствен погон во Охрид.

„Посетив произвоствен погон во Охрид со околу 50-тина вработени. Фабрика која се занимава со изработка на метални делови и лиење на делови од пластика и изработка на филтри. Ветивме отвореност кон малите и средни претпријатија кои се моторот на македонската економија со извозот кој што го прават. Ќе направиме поволна бизнис клима, ниски даноци, скратени процедури, подобри и поволни услови за нивно проширување и зголемување на капацитетите. Економијата и технолошкиот развој ќе бидат нашиот приоритет. Македонија мора да се развива, и да понуди шанса на секого, истакна Мицкоски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2019 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа