Арсовски покажа докази дека преку СДСМ се вработени над 28.000 партиски членови

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, денеска на прес-конференција приложи телефонски пораки како докази за партиските вработувања. Арсовски истакна дека непотизмот потекнува директно од Заев, кој во пораките се гледа дека потврдува вработување на над 28.000 партиски членови.

„Епидемијата од непотизам што ја зафати СДСМ потекнува директно од нивниот лидер, Зоран Заев.

Истиот тој Зоран Заев кој ветуваше професионална администрација, истиот тој Зоран Заев кој обвинуваше за наводна партизација во времето на ВМРО-ДПМНЕ, сега потврдува дека преку СДСМ откако е дојден на власт се вработени над 28.000 партиски членови.

Замислете, човекот кој обвинуваше за наводна партизација и преобемна админстрација, истата таа државна администрација ја партизирал со над 28.000 партиски членови од редовите на СДСМ. Кои нормално биле избрани од нивните општински организации.

Денеска во медиумите можевме да видиме застрашувачка и срамна потврда на Зоран Заев кој преку комуникација со разочаран член од СДСМ потврдува дека партијата вработила 28.000 партиски членови.

Воедно како што вели и самиот партиските вработувања оделе преку општинските организации и штабовите на СДСМ, па за да му помогне на овој разочаран член со кој комуницира, и му се жали дека за него нема вработување ќе морал Зоран Заев да разговара со општинските организации, да му најде некое место.

Маските на Заев и СДСМ одамна паднаа. Ова е правото лице на Зоарн Заев и на СДСМ. Зоран Заев е човекот кој декларативно се залагаше за се и сешто, ветуваше се и сешто, на крај испадна дека лаже за се и сешто.

Сега веќе и институциите имаат потврда и од лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека вработувањата кои што можеа да бидат видени преку оваа епидемија на непотизам оделе директно преку партиските штабови и општински организации. Единствено што треба да направат институциите е да ги погледнат детално списоците кои ги поднесовме со 182 партиски членови кои што се роднини на функционерите на СДСМ до државната комисија за спречување корупција и едноставно да постапат со нив, бидејќи имаат и официјална потврда од Заев.

Ниту целата епидемија на непотизам, ниту 28.000 партиски врбаотувања, за кои мораме да истакнеме дека се сериозен сомнеж за изборен поткуп, нема да им помогне на СДСМ да ја дозаробат државата на овие избори.“, изјави Арсовски.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2019 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега