Ласовска: Битката за идентитетот не е завршена

На годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска рече дека не треба да се има дилеми дека Македонија како народ, идеја, како слободоумност минативе 15 месеци се бореше со најсилниот противник, се бореше со политичка елита и цивилизација кон кои се стремиме да се придружме и можеби затоа оваа разврска уште повеќе боли.

-Не треба да се има заблуда дека имавме шанси да се бориме против овие сили кои преку своите вазали во македонската влада ги спроведоа своите регионални балкански идеи со глобален вкус.За жал или за среќа битката за идентитет не е завршена, заттоа што народ со пенало не се брише, идентитет е длабоко вкоренет и ќе ги надживее овие неправди.  Но сепак Македонските граѓани етнички Македонци,колку и да звучи ова нелогично во една национална држава ги очекуваат мачни обиди да го зачуваат својот идентитет како Македонци затоа што актуелните власти нема да им помогнат во таа битка.

Таа истакна дека очекува катастрофална ситуација во која ќе се санкционира секој официјален претставник што ќе користи само Македонија без да каже дека е Северна.

-Со оглед на тоа што актуелните власти нема да сакаат да се грижат за своите национални интереси за да не ги налутат новите нивни лични пријатели јасно е дека товарот ќе падне на оние што не се уплашени, оние што не стравуват. Почитувани дами, почитувани сетри од Република Македонија, не плашете се ! На своја страна го имаме мегународното право, мегународните конвенции, го имаме својот пркос, првадата и љубовта кон Македонија. Сите ние како жени, како мајки од било која професија ви предлагам да тргнеме кон едно големо напред кон победа.

Оти во секоја една од нас лежи една Параскева од драмите на Горан Стефановски, една Велика од Петре. М. Андервски една Арбулика од Чинго. Чашулевата Магда.

Ласовска и порача на жените дека во секоја од нив таи ,Сара, Хасие, Милица, Дона и многу други. Ама секое таење може да прерасне во крик. Женското писмо нека не натера на новиот крик. КРИК за Република Македонија. Со исправена глава, гордо кренета, стануваме за Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2019 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега