Левица обвинува дека поединци блиски до Беџети градат незаконски на Матка

Голем број граѓани и дел од политичките партии реагираат деновиве за дивите градби на Мстка, кој периодов се во фокусот на јавноста.

Од партијата „Левица“ обвинуваат дека лица блиски до градоначалникот градат незаконски на Матка и критики за институционален молк.

Левица потенцира дека 39 институции не преземале никакви механизми за да ги спречат и откријат локалните моќници кои го уништуваат тоа заштитено подрачје.

„Матка уште еднаш потврди дека функционерите на ДУИ единствено работат за своите криминални цели, на штета на јавното добро и интересите на сите граѓани“, велат од Левица.

Оттаму додаваат дека директорот на Државниот градежен инспекторат Локман Љимани, сѐ уште одбива да се обрати до јавноста, откако оваа институција се прогласи ненадлежна за градењето на Матка, иако членот 145 и 149 од Законот за градење предвидува, во случај на непостапување на општината.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2019 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега