ВМРО-ДПМНЕ: Оливер Спасовски е најнеспособниот министер за внатрешни работи кој Република Македонија некогаш го имала

Оливер Спасовски мора да си замине од функцијата. Неговата неспособност граѓаните ја плаќаат со сопствените животи, а неговата соработка со криминалците ја парализираат полицијата и овозможуваат убијци и насилници да се шетаат слободно, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое се додава:

„Во неговиот мандат, први соработници рекетираа и оддаваа посебни истражни мерки, а сега продолжуваат неказнето да работат. Во неговиот мандат полициски службеници малтретираа и палеа луѓе. Во неговиот мандат полициски службеници пукаа на млади момчиња и се пресметуваа меѓу себе.
Во неговиот мандат владее тотален хаос во МВР, а убијци се шетаат на слобода. На слобода е убиецот на Мартин Јанушев. На слобода се сторителите на двојното убиство среде Скопје. Нерасчитени се стотици други убиства, разбојништва, грабежи и насилства.“

Од партијата потенцираат дека МВР стана синоним за криминал, а преку МВР на сомнителен начин се доделија лиценците за извршување возачки испити на територија на цела држава на фирми регистрирани непосредно пред да биде објавен огласот и бизнис тежок стотици илјади евра заврши кај лични пријатели на врхушката на власт.

-Оливер Спасовски е најнеспособниот министер за внатрешни работи кој Република Македонија некогаш го имала. Оливер Спасовски мора да си замине. СДСМ мора да си замине. Граѓаните заслужуваат безбедност и држава во која власта е чувар на јавниот ред и мир, а не загрозувачки фактор на истиот, се подвлекува во соопштението на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2019 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега