Богоевски: Мило ми е што Филипче е единствениот маж говорник на расправата за Законот за бременост

Пратеникот, Павле Богоевски, го пофали вчерашниот тек на расправата за Законот за прекинување на бременост, посочувајќи дека министерот за здравство, Венко Филипче, бил единствениот маж говорник.

„Многу ми е мило што на жестоката јавна расправа за Законот за прекинување на бременост, досега министерот за здравство е единствениот маж говорник. По службена должност, бидејќи неговото министерство го предлага законот. Крајно време е, повторно да оставиме жената да одлучува за своето здравје, своето тело и својата иднина. Инаку, неколку верски лидери се обидоа да дојдат на расправата. Бидејќи не беа поканети од страна на Комисијата за здравство согласно Деловникот, не им беше дозволено да присуствуваат“, напиша Богоевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2019 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега