СДСМ: Се враќа довербата во МВР, граѓаните се чувствуваат безбедно и сигурно

Времето кога МВР беше синоним за непрофесионалност, партизираност, сокривање убиства и заташкани истраги заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, се вели во соопштението на СДСМ, реакција соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо опозицијата да шири лаги и непроверени информации од белиот скапоцен дворец и да злоупотребува човечки трагедии во обид да шири неоснована паника,  нека учи како се работи одговорно и како се враќа довербата на граѓаните во институциите.

Нема повеќе МВРО-ВМРО! По спроведените реформи, полицијата денес работи професионално, ефикасно, во интерес на граѓаните и во служба на законите.

Тоа е потврдено и со испитувањата на јавното мислење кои покажуваат дека 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедно што е многу повисок процент на доверба од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога само 23 отсто од граѓаните имале доверба во полицијата.

Забележано е намалување за 37 отсто и на стапката на убиства. Официјалните податоци покажуваат дека во 2018 се случиле 18 убиства од кои 17 се расветлени. Се намалува стапката на криминал, а полицијата навремено постапува по секое прекршување на законите.

ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во сопствените црнила и криминалната матрица на Груевски и не може да се помири дека МВР функционира професионално, нуди безбедност и сигурност за граѓаните“,стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2019 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега