Калеска -Ванчева: Очекуваме широк консензус за Законот за СЈО

На денешната прес конференција на Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата рече дека очекува Законот за СЈО да добие зелено светло и да биде изгласан со широк консензус, како што вчера биле изгласани три реформски закони.

 

-Да, како што веќе знаете денеска во владина процедура ќе влезе и треба Владата да го усвои предлогот. Се водеа силни дебати на стручната и поширока јавност за начинот и формата за којшто ќе може Специјалното Јавно Обвинителство да продолжи со својата работа, што е она суштинското. Беа понудени два концепти и се разговараше за два концепти, но се одлучи за концептот во којшто СЈО всушност надлежноста негова да биде дел од Јавното обвинителство, значи за полесно граѓаните да разберат на принципот на нешто како што е Одделението за организиран криминал и тоа е тој концепт којшто доби поширока поддршка и истиот очекуваме набрзо да дојде во Собранието. Имајќи предвид дека ова е многу важен или може да се каже дека е прилично клучен закон, којшто ќе овозможи борба, понатамошна борба со вискота корупција, очекуваме широк консензус, бидејќи барем досега не слушнавме ниту еден политички субјект да каже став дека е против борбата со високата корупција. Доколку се навистина цврсти заложбите на сите политички субјекти тогаш нема причина да стравуваме дека овој закон ќе биде усвоен со широк консензус, што е всушност и нашата највисока определба, бидејќи значењето и имплементацијата на овој закон и резултатите од примената на овој закон може да се очекуваат само доколку биде широко прифатен- кажа пратеничката.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2019 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа