ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за овие две години колку што е власт создаде хаос во земјоделието
СДСМ повторно лаже. Во време на ВМРО-ДПМНЕ министерството за земјоделство давало под закуп на државно земјоделско земјиште за инвестициски проекти во преработувачки капацитети и примарно земјоделско производство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година за првпат во историјата на Република Македонија овозможи за достапност на земјоделско земјиште за широк круг на индивидуални земјоделци и правни лица. Пред 2006 година целото земјоделско земјиште во Република Македонија беше во посед на само 400 лица блиски до СДСМ, тоа е корегирано од ВМРО-ДПМНЕ и сега земјиштето е во посед на вистинските земјоделци, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:
„СДСМ за овие две години колку што е власт создаде хаос во земјоделието. Субвенциите се намалени, исплатата доцни, а откуп нема. Заев пред избори ветуваше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи, истиот ветуваше поголеми откупни цени, за сега по избори ништо од тоа да не е случај. СДСМ го уништи земјоделието во овие две години, затоа СДСМ мора да си замине“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа