СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ пак лаже, нема ново нето задолжување од 130 милиони, јавниот долг е стабилизиран

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што јавниот долг за неколку години го зголеми двојно, партијата што создаде колапс во економијата, продолжува со ширење лажни вести, велат во соопштение од СДСМ.

Од партијата на СДСМ  велат дека ВМРО-ДПМНЕ лаже дека има ново нето задолжување на граѓаните и државата, лаже дека се зголемува јавниот долг. 

„Според објавените информации од Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 130 милиони евра, од кои веќе утре ќе се вратaт 117 милиони евра, a наредната недела ќе се вратат дополнителни 11,38 милиони евра по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

Не само што јавниот долг не се зголемува како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, туку тој е стабилизиран и ставен под контрола и изнесува 48.7 отсто од БДП и не е над 50 отсто како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од СДСМ преку одговорно и домаќинско управување со финансиите успеа да го стабилизира јавниот долг, а парите да ги пренасочи кон граѓаните и нивните потреби.

За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, денес фреквенцијата на аукции е намалена двојно, од четири пати месечно на два пати во еден месец, а значително се намалени и каматните стапки.

Граѓаните може да останат спокојни, економијата се движи во добар правец, планот за економски раст дава резултати, финансиите се стабилни“ стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2019 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа