Силјановска: Децата ни бегаат од државата поради Заевизмот

Кандидатот за претседателот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Давкова вечерва беше во посета на Ново Село каде се сретна со граѓаните од ова населено место.

-Граѓаните на Ново Село од блиску видоа како во практика функционира Заевизмот откако нивниот градоначалник предложен од СДСМ шверцуваше цигари преку граница. Децата ќе ни заминуваат се додека се сведоци на корупција и криминал од народни претставници. Затоа на 21 април ќе им кажеме НЕ на тие што сакаат Македонија да ја претворат во темен вилает на мала група елитисти што си ги вработуваат само своите роднини додека граѓаните немаат основна здравствена заштита, образование и едвај преживуваат, потенцира Силјановска во својот Фејсбук пост.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2019 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега