Мицкоски: Ако Заев тргуваше со промена на името и идентитетот, можеме само да замислиме на што се е спремен Пендаровски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва е во посета на Куманово каде се сретна со граѓаните на овој град.

Тој по средбата ги изрази своите незадоволства од оваа власт преку свој Фејсбукт статус во кој вели дека Заев не се срами од најнеспособната влада.

-Бев во Куманово, градот во кој силно се чувствува матрицата на Заевизмот, силно угушен и потонат во проблеми за кои власта не нуди решенија. Во земјава не владее правната држава, се гази достоинството на луѓето.

Заев наместо да се срами поради најнеспособната влада и неисполнувањето на основната улога поради кои ја водат државата, тој ја понуди својата копија Пендаровски, кој е вториот Заев. Ако Заев тргуваше со промена на име, идентитет, можеме само да замислиме на што се е спремен Пендаровски.

И треба да се има во предвид дека поддршката за Пендаровски е поддршка за сменето име и идентитет, поддршка за принципот на работа евро за вицето евро за црквата, за поткуп по канцеларии и на криминални тендери.

Македонија треба да престане да губи, изборите се таа шанса. Доаѓа крајот на ваквата купи ден политика ќе биде поразена.

Време е за Претседателка на државата која ќе води, која ќе носи одлуки согласно законите, и која ќе ги штити интересите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2019 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега