СДСМ: Градиме силна Северна Македонија, носиме инвестиции и поголеми плати за граѓаните

„Република Северна Македонија чекори кон НАТО. Шест земји од вкупно 29 членки на НАТО сојузот веќе го ратификуваа Протоколот за пристапување на државата во најголемиот и најмоќен безбедносен сојуз во светот.“ - велат од СДСМ во писменото соопштение испратено утрово.

„Досега, шест земји членки на Алијансата го ратификуваа Протоколот за пристапување. Грција, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска и Црна Гора се првите земји кои ја отворија вратата на НАТО за влез на нашата Македонија.

Во меѓувреме Данска, Франција и Романија ја  започнаа постапката за ратификација на Пристапниот протокол на Република Северна Македонија во Нато алијансата.

Ратификацијата ќе продолжи и во останатите земји членки на НАТО Алијансата, а откако Протоколот ќе биде усвоен од останатите земји членки Република Северна Македонија станува 30 членка на НАТО. 

Одиме напред, градиме силна и стабилна држава, обезбедена и сигурна. Држава во која граѓаните ќе се чувствуваат безбедни и сигурни и економски стабилни. Членството во НАТО освен безбедност и стабилност со себе носи и повеќе инвестиции, економски раст и развој, а сето тоа значи повеќе пари кај граѓаните 

Република Северна Македонија тргна напред и запирање нема“ - стои во соопштението од СДСМ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2019 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега