СДСМ: На граѓаните им е потребен вистински претседател

Разбирлива е нервозата и паниката на ВМРО ДПМНЕ од кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија, велат од СДСМ.

Во своето соопштение СДСМ наведува дека на државата и на граѓаните не им е потребен нов партиски послушник, не им е потребен нов Ѓорге Иванов кој ќе работи спротивно на националните и државни интереси.

„На граѓаните, на државата потребен им е вистински претседател кој влева доверба и сигурност, претседател заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја поведе Северна Македонија кон развој и напредок, кон ЕУ и НАТО, а тоа е Стево.

60 пратеници со својот потпис дадоа поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата, а таква можност ќе имаат и граѓаните.

Овојпат граѓаните ќе го изберат вистинскиот претседател на Република Северна Македоија-Стево Пендаровски“ стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2019 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега