Мицкоски: Трагедија и понижување е промената на името и идентитетот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во Отворено на Алфа Телевизија посочи дека проектот Катица Јанева е завршена приказна затоа што СЈО не ги исполнило очекувањата за тоа што беше формирано и целосно ги разочара граѓаните.

– Можам да кажам дека СЈО не само што не ги оправда очекувањата кога беше формирано, туку напротив целосно ги разочара и тоа е јасно видливо и на анкетите и оние мерења на мислења на граѓаните какви мислење имаат тие за СЈО, чија алатка, во чии раце е СЈО и така натаму, вели Мицкоски.

Во врска со неговата средба со Јанева тој вели дека таа истата ја експлоатираше по медиуми, но на истата не успеала да го убеди во нејзините капацитети и потврдила дека нејзината стручност е на ниско и дискутабилно ниво.

– Не само што не успеа да ме убеди во нејзините капацитети како човек и нејзината стручност е на ниско и дискутабилно ниво и ја пропушти својата шанса да биде Специјален јавен обвинител кој ќе биде заштитник на правото и правдината. Таа се претстави во едно лошо светло и не ј а заслужува поддршката ниту таа ниту тој тим, нагласи Мицкоски.

Ние многу пати зборувавме кога се случуваше овој процес дека е егзионибистички, на дур практично се води целата таа работа и дека ова се преставува освен солидно решение кое ќе ги заштити интересите на Република Македонија, македонскиот народ и тоа како ќе одминува времето ќе се потврдува дека се што сме збореле е така,

истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Најпрвин треба да ни е јасно дека пред овој договор во личната карта на ОН стоеше јасно и гласно граѓани на Република Македонија не постоеше, постоеше македонски народ, или преведен на шесте јазици, или сега како што е граѓани на Република Северна Македонија. Јазикот не беше со фуснота, они не убедуваа дека тоа го заштитија за потоа да бидеме сведоци на онаа Депеше што веднаш по уставните измени ја прати министерот за надворешни работи до неговиот колега до грчката влада каде што се правдаше дека ова „Macedonian“, не е македонски народ и македонски етникум, туку преставува државјанство, зошто ние кажувавме дека етникумот, националниот елемент се губи и останува само државјанството и сега сите сме граѓани на Република Македонија. Дури сега ја немаме ниту придавката македонски и сега наеднаш стана национална, на која нација?, прашува Мицкоски.

Тој вели дека Преспанскиот договор е една трагедија која и ја приредија на Република Македонија и граѓаните на Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа, нагласи дека владата на СДСМ и Зоран Заев ги нарушуваат условите за фер и демократски претседателски избори.

– Фер и демократски претседателски избори треба да се задолжителни и треба практично да претставуваат услов за Македонија дали ги исполнува условите и дали практично Македонија е општество кое што треба да биде дел од европските структури и од Европската Унија, бидејќи ако нас ни се повторат оние искуства кои што се случуваа за време на референдумот, кога гласаа луѓе за 2, 4 секунди, каде што имавме излезеност поголема од 95 проценти иако на тие изборни места излезеноста беше помала од 50 проценти во четири, пет изборни циклуси наназад. Ако гледаме дека ова што сега ни се случува практично претставува обезбедување на полпозиција за кандидатот некој што е предложен од страна на владејачкото мнозинство, како што се вештачки оние работни места, а гледавме и пораки кои излегоа на одредени портали од страна на премиерот како се вработуваат луѓето во Република Македонија, во државните во локалната самоуправа, вели Мицкоски.

Според него на само 45 дена од изборите, Владата и Министерството за земјоделие го кршат Изборниот законик со потпишување на договори за земјоделско земјиште како и и исплаќање на трансфери од државниот буџет.

Потоа, практично на 45 дена од денот на гласање вие имате потпишување на договори во рамките на Министерството за земјоделие за таканаречен закуп на земјоделско земјиште. Ако гледате дека на дневна основа имате трансфери, интервенционизам од страна на државниот буџет ќе видете дека целокупната трка на самиот почеток е дискутабилна. Тоа треба веднаш да престане, бидејќи истите овие луѓе кога беа опозиција исто така се спротивствауваа критикуваа за сега да го видиме нивното вистинско, двојно лице кога истото тие го надградија, го проширија и го практикуваат во Република Македонија.

Мицкоски, истакна дека и покрај сите овие нечесни работи, Заев и Пендаровски на 21 април ќе се соочат со пораз од страна на граѓаните на Република Македонија.

Не е чесно не е фер, но и покрај сето тоа народот на 21 април ќе му каже на Зоран Заев и неговиот кандидат што мислат за нив двајцата како тандем порача Мицкоски.

-Јас не можам да го разберам мотивот кај овие луѓе што до толку сакаа да си ја понижат сопствената држава, народ и држава, вели Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2019 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега