Мицкоски: Пендаровски е кандидат за спас на кариерата на Заев- очекувам убедлива победа на Силјановска

Лидерот на ВМРО ДМПМЕ Христијан Мискоски, во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа кажа дека Пендаровски самиот признал дека не е консензуален кандидат туку дека е кандидат за спас на кариерата на Заев.

– Навистина сум збунет дали е консензуален или не е консензуален кандидат, господинот Пендаровски затоа што вчера го слушав на едно интервју малку делуваше како да не е во сопствената кожа и кажува те бил те не бил, те ги почитувал одлуките те не ги почитувал одлуките на СДСМ и така натаму па од кога имаше малку непријатни прашања видовме дека практично е збунет и конфузен односно не знае дали е консензуален или не е консензуален. Но она што е важно е суштината е дека не само што не е консензуален кандидат туку тој е кандидат за спас на политичката кариера на Зоран Заев и аминување на заевизмот, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека очекува убедлива победа на професорката Гордана Силјановска Давкова во претседателската трка. Лидерот на опозицијата посочи дека очекува граѓаните да го поразат „Заевизмот“ со победата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, поради како што вели, компаративните предности на Силјановска пред Пендаровски кои според него се неспоредливи.

-45 дена не делат до денот на изјаснувањето, до референдумското практично изразување на граѓаните на Република Македонија, дали го поддржуваат Заевизмот во оваа форма во која што сега е присутен во македонското општество и дали ќе одлучат да му дадат легитимитет да продолжи во таа форма. Или пак навистина ќе се бориме за право и правна држава, за честита Македонија, Македонија која што ќе понуди реален успех, а не лажни ветувања и надеж. 21 април е тој ден и јас навистина очекувам како што кажав и во првиот дел од емисијата една голема победа на професорката Силјановска, затоа што компаративните предности се навистина неспоредливи, вели Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2019 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа