Кирацовски: До сега, над 25 илјади граѓани се потпишаа за кандидатурата на Стево

Генералниот секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб Александар Кирацовски објави дека на половина час пред затворањето на подрачните канцеларии на ДИК, за кандидатурата на Стево Пендаровски потписи дале над 25 илјади граѓани низ целата наша држава.

Тој се заблагодари за силната поддршка и рече дека кандидатурата на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски е единствена којашто е поддржана од 25 илјади граѓани, над 60 пратеници и 30 партии.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2019 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега