Мицкоски се сретна со граѓаните на Велес: Она што власта го нуди како иднина всушност се кадри од минатото

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посеба на Велес, а по тој повод објави и статус на својот Фејбсук профил.

-Бев во Велес, имав одлична средба со Велешани кои се целосно свесни за состојбите во нашата држава кои се се потешки и загрижувачки.

Она што власта го нуди како иднина всушност се кадри од минатото, поврзани со транзицијата и сите криминали на актуелната власт.

Истите трикови, истите ниски страсти, Заевизмот не нуди ништо ново.

Го слушнав Пендаровски како се пенави да објасни дека го следеле странски служби блиски до опозициска партија и човекот се чуствувал небезбеден. Еве од Велес јавно го прашав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и несуден кандидат за претседател да одговори дали Пендаровски е безбеден или не е. Ако е безбеден да го демантира или ако не е, да каже кој тоа му се заканува?

Очекувам одговор, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2019 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега