Нов пензионерски клуб во Скопје Север

Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски, утре во 11 часот ќе го отвори новиот пензионерски клуб во скопската населба Скопје Север.

Пензионерите ќе имаат на располагање простор од 60 м2 на улицата „Гоце Стојчевски“ бр.2 во кула 2. Пензионерите ќе имаат можност да се среќаваат, да се дружат, да играат шах, табла, домино, карти и пикадо.

Ова е трет пензионерски клуб во општина Бутел, а најавени се уште клубови во останатите населби.

 

30.09.2013 - 09:40

најчитано сега