ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев e заинтересирана само за криминални тендери, а не за развој на економијата

Владата на Заев e заинтересирана само за криминални тендери, а не за развој на економијата. Заев и криминалниот картел околу него ја завршија година со убедливо најнизок раст на БДП и во Регионот и во Европа. Тоа пред се се должи на нивната неспособност и неработење. Вкупниот раст за 2017 и 2018 година во време на владеењето на Заев економијата во Македонија пораснала само за 2,05%, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата оддржана во Владата.

-Тие не се способни да го реализираат ниту тоа што самите го зацртале. Реализацијата на капиталните инвестиции лани не мрдна од 50%, а годинава ја почнавме со 1,09% што говори дека не се градат патишта, училишта, болници, детски градинки и други проекти кои се од интерес на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Особено загрижува падот од 12,6% на ИТ индустријата која се должи на погрешните економски политики и даночните оптоварувања кои ги прави оваа Влада. Ако се има предвид дека во овој сектор работат претежно млади луѓе тоа е само уште една потврда на поразителните бројки дека речиси 90% од младите би заминале од државата заради бесперспективноста која оваа власт ја создава.“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2019 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега