СДСМ: Македонскиот идентитет е заштитен и загарантиран

Во страв од пораз на претстојните претседателски избори, ВМРО-ДПМНЕ преку лаги се обидува да внесе вознемиреност кај граѓаните и јавноста, пишуваат од СДСМ.

Во партиското соопштение на СДСМ се вели дека не е точно дека придавката македонски се брише. Тоа е стара и веќе демантирана лага на ВМРО-ДПМНЕ, Македонски останува за се она се однесува на припадност на македонскиот народ, односно секаде каде што го има етничкиот елемент.

„Промената на имињата на дел од институциите е согласно Договорот од Преспа односно уставните измени.

Оние институции кои се однесуваат на македонската националност и припадност, остануваат македонски.

На пример МНТ останува Македонски народен театар бидејќи е на македонскиот народ, а  има и Турски и Албански театар.

Истовремено, идентитетот не само што не е загрозен туку е и дополнително потврден. За тоа доволно е во ВМРО-ДПМНЕ да го погледнат регистарот на Обедниети нации, кадешто е јасно наведено Македонски јазик, македонско итн.

Наместо ВМРО-ДППМНЕ и Христијан Мицкоски да шират лаги, нека се подготват за пораз на претседателските избори, бидејќи граѓаните се длучни дека на Република Северна Македонија не им треба нов Иванов, не им треба нова антизападна марионета, туку претседател кој ќе биде партнер на граѓаните, претседател кој заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја води државата кон членство на НАТО и ЕУ“ стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2019 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа