СДСМ: Силјановска кажете што мислете за тоа дека Мицкоски бил асистент кај татка си

Откако конечно ја дозна големата вистина, Силјановска да каже што мисли за тоа што Мицкоски бил асистент кај сопствениот татко

Гордана Силјановска исто како и Христијан Мицкоски се однесува како да не е од тука, како да не живеела во државата последните десет години.

Се лаже ако мисли дека со таква лажна реторика сака да побегне од фактот што му се поклони на груевизмот.

Дали Силјановска знае воопшто кој ја кандидирал и која партија застанала зад нејзината кандидатура?

Доколку не знае, точниот одговор е дека таа беше избрана на фарсична конвенција на ВМРО-ДПМНЕ како кандидатка на Христијан Мицкоски.

Да, тоа е истиот Мицкоски кој бил асистент кај неговиот татко на Машинскиот факултет, истиот Мицкоски кој како советник на Никола Груевски добил бизниси со хидроцентрали.

Сега, откако конечно ја дозна „големата вистина“ за кариерата на Мицкоски, редно е Силјановска да каже што мисли за тоа што Мицкоски од толку асистенти на Машинскиот факултет бил асистент токму кај сопствениот татко?

Обидот на Силјановска да се однесува како да не е од тука, не го менува фактот дека таа и Мицкоски се последните остатоци од Груевизмот.

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов кој ќе брани криминал и партиски интереси и затоа на изборите масовно ќе гласаат за Стево Пендаровски, идниот претседател на Република Северна Македонија.

Центар за комуникации со јавност
Социјалдемократски сојуз на Македонија
 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2019 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега