ВМРО- ДПМНЕ: Расипничката власт на СДСМ ја направи Македонија најсиромашна држава во регионот и Европа

Со СДСМ на власт македонската економија е пред целосен колапс, сите економски параметри бележат падови,  а граѓаните се повеќе осиромашуваат, стои во соопштението од ВМРО- ДПМНЕ.

 „Додека повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и не можат да се прехранат,  СДСМ и нивните функционери единствено се грижат за своите бизниси и да згрижат што е можно повеќе роднини во државните институции.

Во недостиг на економски резултати, криминалниот картел вработувањето на своите мајки, татковци, баби, дедовци, золви, снаи, зетовци и лични фризерки почнаа да го прикажуваат како голем економски успех.

Расипничката власт на СДСМ и аболицираниот Заев ја направи Македонија најсиромашна држава во регионот и Европа.  Земјите  од регионот и Европа доживуваат економска ренесанса, а Македонија благодарение на неспособната влада на СДСМ е закована на дното со срамни 2,05% раст, кој е многу далеку  5 до 7% со кои што Заев ги лажеше  граѓаните“ се вели во соопштението.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека за неспособноста на оваа власт  говори и фактот што и оваа година власта како и минатата нема да успее да реализира ни половина од планирате капитални инвестиции. Нивото на реализација на капитални инвестиции за месец јануари изнесува мизерен 1%, извозот има пад од 1,9%, а  пад има и ИТ индустријата и тоа од големи 12,6 проценти.

„Во услови кога државата економски тоне, власта не запира со задолжувањата. Криминалната власт на СДСМ успеа за прв пат да ја надмине психолошката граница на јавниот долг од 50% и тој веќе надмина 5 милијарди евра за прв пат во историјата на Република Македонија.

Сето ова е показател за штетните и катастрофални политики на СДСМ и Зоран Заев  кои се вистинска елементарна непогода за државата и граѓаните. 

Граѓаните повеќе не смеат да живеат во оваа беда која ја донесе СДСМ. Токму затоа потребно е Заев и  СДСМ заедно со нивниот криминален картел да си заминат за  конечно македонската економија да почне да напредува“ стои во партиското соопштение на ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2019 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа