СДСМ: Економијата цвета, потврда за тоа е растот на бруто домашниот производ од 3,7 отсто

Бројни економски параметри ја докажуваат успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ, велат во своето соопштение од СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека економијата се движи во добар правец.

„Потврда за тоа е растот на бруто домашниот производ од 3,7 отсто во последниот квартал од 2018.

Во истиот период, стапката на невработеност паднала на 19,4 отсто што е историски минимум.

Само во минатата година отворени се нови 26.600 добро платени работни места, а забележан е и рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра.

Ова не се само обични бројки. Ова се конкретни, реални резултати, ова се нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување квалитетни и одржливи економски политики што обезбедуваат нови работни места, поголеми плати и повеќе пари за граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2019 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега