ВМРО- ДПМНЕ: Македонија со овој криминален картел на власт забележи пад од 37 места на Форбс листата за водење бизнис

Криминалниот картел на власт предизвика катастрофа во економијата. Тие за две изминати години имаат просечен раст на БДП од 2,05%, убедливо најнизок во регионот и Европа, велат во своето соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

„Македонија со овој криминален картел на власт забележи пад од 37 места на Форбс листата за водење бизнис, а на листата за перцепција на корупција сме на 93 место зад Руанда, Намибија и Свазиленд. За владата очигледно е одлично тоа што 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, се покачуваат даноците и акцизите, цените растат, а стандардот на граѓаните опаѓа. Заради неспособноста на оваа влада за две години јавниот долг е пораснат над психолошката граница од 5 милијарди евра или над 50% од БПД, односно секое просечно семејство е задолжено за нови 1000 евра долг поради оваа власт“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека од друга страна најголемиот буџет во историјата на Македонија наместо за капитални инвестиции, училишта, градинки, патишта , болници се троши за покривања непотистички вработувања на мајки, синови, ќерки, золви, снаи, зетовци  и други блиски роднини во администрацијата за натпросечни плати. Ова е “Мира Дизел моделот“ за покачување на плати и намалување на невработеноста кој што единствено знае оваа власт да го прави.

„Крахот на економијата поради погрешните и штетни политики на оваа власт е очигледен. Неуспесите може да престанат само ако оваа власт падне на избори. Почетокот на падот и демонтажата на власта почнува со Претседателските избори кога граѓаните јасно ќе ги казнат за нивниот криминал и корупција“ стои во партиското соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега