Теренските посети на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат- Пустошот кој го донесе власта на СДСМ повеќе не се издржува

Тим предводен од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Влатко Ѓорчев и пратеникот Драган Цуклев во Општина Гевгелија ги посетија населените места Негорци, Прдејци, Миравци, Смоквица, Давидово и Милетково.

Жителите на овие места се целосно разочарани од власта, особено поради катастрофалната состојба во земјоделието. Велат дека пустошот кој го донесе власта на СДСМ повеќе не се издржува, едвај преживуваат, а не знаат ни како ќе ја започнат сезоната која допрва доаѓа.

Поради сиромаштијата која се повеќе расте заради власта, овие места забрзано се празнат, младите не гледаат перспектива и својата среќа си ја бараат во странство. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека СДСМ мора си замине за да се врати достоинството на македонскиот земјоделец и да има иднина за нивните деца.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2019 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега