Градот Скопје избира најдобри ресторани и гостилници

И оваа година градот Скопје избира „Најдобар угостителски објект“.

Целта на проектот е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата во угостителската дејност, соопштија од Градот.

Угостителските објекти ќе се оценуваат по осум критериуми: прв контакт со вработените, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт со вработените.

Врз основа на резултатите од истражувањето, ќе се изберат три најдобри ресторани и три најдобри гостилници кои постигнале највисок вкупен резултат на испитаните елементи на услугата. На најдобрите ќе им биде доделена плакета од  градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

 

30.09.2013 - 11:55
Фото: 
скопје.гов.мк

најчитано сега