ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот октопод на Заев функционирал и во време на изборната кампања

Семејно политичкиот систем на Зоран Заев за делење на јавни набавки во Струмица за кој што вчера објавивме функционирал дури и во време на изборната кампањата во 2011 година.

Градоначалникот Зоран Заев го именувал Панче Орцев за директор на ЈКПД Комуналец. Истиот тој е кандидат за пратеник од Струмица на парламентарните избори во 2011 година. Во тоа време Панче Орцев сеуште од позиција на директор на ЈКПД Комуналец склучил договор за јавна набавка со фирмата на сопругот на кандидатот за пратеник од Струмица, Цветанка Иванова.

Имено додека кампањата за парламентарните избори во 2011, е во полн ек, на кои овие тројца биле кандидати, ЈКПД Комуналец на чело со Орцев на ден 27.05.2011 исплатува 3 625 053 денари на фирмата ДИКОР ЦД ДООЛ Струмица, во сопственост на Динчо Иванов сопруг на кандидатот за пратеник од СДСМ, Цветанка Иванова, за партерно уредување на кванташкиот пазар во Струмица.

Народски кажано, пратениците на СДСМ од Струмица си се помагале меѓу себе. Од едниот на другиот. Секако под патронат на Зоран Заев.

Очигледно системот на Зоран Заев за семејно богатење функционирал и за богатење на високи партиски функционери на СДСМ.

Ова е бессрамно.

Тројцата кандидати за пратеници учествувале директно во испумпување на милионски суми, средства на граѓаните на сметки на семјните фирми. Зарем и ова не е доволно Зоран Заев да излезе и да им извини на граѓаните за скандалозните јавни набавки.

Од доказите јасно се гледа дека семејно политичкиот октоподот во Струмица беспрекорно функционирал среде кампања. 

Ова е крајно политички не морално. 

Зар заради ова Панче Орцев и Цветанка Иванова се пратеници? 

Зар ова е добро? 

Зар за ова тие се наградени со пратенички функции?

Непотизмот и судирот на интереси во Струмица добива загрижувачки размери.

СДСМ и нивниот лидер треба да објаснат колку нивни функционери се заплетени во мрежата од семејно политички фирми. Знаеме дека немаат аргументи за да го објаснат овој огромен скандал со јавни набавки во Македонија, но барем е доблесно да го признаат и да се извинат.

Не им помагаат повеќе лажните и смешни оправдувања. Нивниот лидер, а очигледно и други високи функционери во СДСМ се до гуша заглавени во овој скандал.

Интегрален текст.

30.09.2013 - 13:51

најчитано сега