Неколку скопски села утре ќе останат без струја

Утре поголем број скопски населби ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 11 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Васил Ѓоргов“ бр.20 во општина Центар, додека во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе биде објектот на Инвест Градба во Момин Поток. Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Скупи“, објектот на „Јосинг“ во општина Шуто Оризари и корисниците од село Копаница, а корисниците од селата Танушевци, Брест и Малина Маала ќе бидат без струја од 9.30 до 15 часот.

 

30.09.2013 - 14:11
Фото: 
Денешен