Падна првата затворска казна - скопјанец доби 1 година за крадење струја

Една година затвор доби скопјанецот М.С. за сторено кривично дело кражба на електрична енергија, дознава Press24 од извори во Судот.  Апелациониот суд го осуди на ефективна казна затвор со што ја измени  условната казна која предходно му ја изрекол Основниот суд Скопје 1.

Слична разврска чекаат уште неколку случаи на кражби на електрична енергија. Мерките кои ги предвидуваат измените во Кривичниот законик кои стапија на сила на почетокот на годината се многу построги и предвидуваат и затворски казни до 5 години. Покрај ова и финансиските казни за ваквиот вид на кривично дело се енормно високи. се движат меѓу 5 000 и над 20 000 евра.  

Со ова дело не само што се нанесува материјална штета на Дистрибутерот на елетрична енергија, туку оштетена е и државата за процентот на данок кој не може да се наплати на украдената електрична енергија. Најголем проблем крадците на струја прават на системот за дистрибуција, но во опасност го доведуваа и својот но и животот на своите блиски и соседи, поради најчестиот случај на пожари на местата каде се краде електричната енергија.  

За првите шест месеци бројките покажуваат дека ЕВН Македонија на 880 корисници им испорачала пресметки за неовластено користење на електричната енергија во висини од над 5 000 евра. Корисниците заработиле и кривични пријави според кои ќе одговараат пред правните институции за стореното кривично дело  за кое може да заработат и казна затвор во траење до 5 год.

Според анализите 144 корисници ги манипулирале броилата, 341 директно краделе електрична енергија, 133 самоволно се приклучиле откако предхопдно поради долг биле исклучени, а кај 262 корисника се наједени непријавени броила.  Според податоците за првите 6 месеци годинава штетата е 124 милони денари, а крадците украле 17, 5 милони kWh електрична енергија. За процентот на ДДВ кој не се наплатува на нефактурирана енергија е оштетена државата а најголем проблем крадците предизвикуваат во дистрибутивниот систем и кај другите корисници.

 

Анализите покажуваат дека скоро секоја 5 та кражба предизвикува поголеми или помали несреќи, што значи овие корисници во опасност ги доведуваат и своите но и животите на другите кои живеат во близина на местата каде се краде електричната енергија.

30.09.2013 - 14:24